Запленети околу 2000 парчиња пиротехнички средства на Бит Пазар

На 30.12.2021, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и плициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршиле координирана акција за спречување на продавање и употреба на пиротехнички средства  на подрачје на град Скопје. жПритоа, на Бит Пазар биле пронајдени и одземени 1828 парчиња разновидни пиротехнички средства.

По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.