
Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево.
Од МВР информираат дека полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и село Бигла заплениле 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 метри кубни борови дрва и 13.86 метри кубни дабови дрва.
Дрвата биле одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице - пилана во Бигла, сопственост на В.С. (69) од село Лески, како и против Г.Г.(65) и М.Г. (69), двајцата од село Бигла.