Запалил отпад во двор, пожарот зафатил цел рид - Уапсен 59-годишен велешанец

Полицијата во Велес лишила од слобода 59-годишен велешанец, откако во дворот запалил сува трева и отпаден шут, при што избувнал пожар кој се проширил на блискиот рид.

Како што информираат од МВР, вчера, во 13:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Т. (59) од Велес.

- Пожарот зафатил сува трева на ридот во близина, а бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Повредени лица нема, информираа од МВР. 

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.