Запалено возило на Виа Игнација

Пожарникарите изутринава интервенирале на гаснење на запалено возило на улицата Виа Игнација во Скопје.

Пожарот бил пријавен во 5.10 часот изутринава, по што било интервенирано со едно возило и тројца пожарникари.

Пожарот бил изгаснат во 6 часот. Опожарени биле 4 квадратни метри, а материјалната штета се уште не е утврдена.