Запалено напуштено возило кај Народна банка

Во близина на Народна банка попладнево е запалено напуштено возило, потврдија за МИА од Противпожарната служба.

Оттаму додадоа дека на лице место интервенираат петмина пожарникари со едно пожарникарско возило.