Запалени три автомобили во близина на убиството на Мартин Јанушев

Три автомобили биле опожарени вчеравечер во скопската населба Аеродром, во близина на кафулето „Ред Кафе“, каде пред две недели беше убиен младиот Мартин Јанушев.

Според информацијата на МВР, вчера во околу 21.56 часот на улицата „23 Октомври“, од засега непознати причини, опожарени биле возилата „Фолксваген Шаран“, сопственост на А.Б. (33), „Пежо 308“, сопственост на А.Н. и „Форд Фиеста“, сопственост на А.Ј. (76).

Сите автомобили биле со скопски регистерски ознаки.

-Опожарените возила се изгаснати од страна на екипи на Бригада за противпожарна заштита. Увид на лице место ќе се изврши во текот на денешниот ден, стои во полициската информација.