Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта Скопје и ЈП Водовод и канализација Скопје, вчера со цистерни и тешка механизација повеќе часови работеле да ги изгаснат подметнатите пожари на депонијата во Визбегово.
Во текот на вчерашниот ден Инспекторатот за животна средина затекна сред палење депонии лица на повеќе локации за кои е изречена глоба и изготвен поднесок до соодветните институции за одговорност. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 25 сторители.
„Апелираме до Владата на Р. Македонија, а особено до Министертвото за животна средина за кое ова е основна и исклучива надлежност за постапување, на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад и негово палење низ градот што е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите“, велат од Град Скопје.