Запалена депонија во Маџари вчера ги вознемири скопјани - Црн чад во градот

 

Густ црн чад вчера попладне можеше да се забележи во делови од главниот град, откако било пријавено лице што горело кабли на депонија во населбата Маџари.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пријавата се однесувала на локација кај црквата зад пругите во Маџари.

Случајот бил пријавен на бројот 112.

Пожарот е изгаснат.