Запален „Мини купер“ во Јурумлери

На 23.02.2020 во 01,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.1 во с.Јурумлери,скопско настанал пожар при што делумно било опожарено патничко моторно возило „Мини купер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Т.(24) од с.Јурумлери.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денот.