Запален контејнер во Ѓорче, од почеток на годината опожарени 19 садови за одлагање отпад

ЈП Комунална хигиена - Скопје, преку социјалните мрежи информираше дека непознати сторители опожариле еден контејнер наменет за одлагање комунален отпад лоциран на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров. Опожарениот контејнер со зафатнина од 3,2 м3 е целосно уништен и неупотреблив.

„Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно 19 пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови“, се вели во соопштението

Од ЈП Комунална хигиена апелираат да се престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.