Запален контејнер опожари возило кај катна гаража во Скопје

Запален контејнер кај катна гаража во Скопје зафати и возило. 

- На 17.07.2026 околу 17:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, во близина на катната гаража „Смилевски Конгрес“, бил опожарен контејнер, а од огнот било зафатено и патничко возило „фиат“, сопственост на правно лице. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.