На територијата на Србија 11 лица заболеле од западнонилска треска. Заразени комарци што го пренесуваат овој вирус се пронајдени на 29 локации, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје во Србија.

Од западнонилска треска заболеле осум мажи и три жени на возраст од 43 до 83 години. Повеќето заболени имаат и придружни хронични болести.

Комарци заразени со овој вирус се пронајдени во Белград, Панчево, Зрењанин и Нови Сад. Од 2012 до 2017 година во Србија се регистрирани 574 случаи на западнонилска треска, од која починале 61 лице.

Повеќето заболени со вирусот немале никакви симптоми, а некои од нив имале симптоми слични на грип.