Заостанати долгови и извршители - ова се најважните работи кои треба да ги знаете

Граѓаните мораат да знаат дека за неплатена сметка веќе не се оди директно на суд. Процедурата приближно оди вака: доверителите или сами или со посредништво на адвокат поднесуваат барање за платен налог. Го доставуваат до нотарите со кои соработуваат и тие, врз основа на ненаплатените фактури, го издаваат платниот налог. Преку фирмите за доставување, налозите се испраќаат кај должниците. Граѓаните имаат рок од осум дена да поднесат жалба и спорот потоа, доколку не се најде решение, завршува на суд. Во спротивно, доколку сметката не биде регулирана, платниот налог се сели кај извршител. Се пресметува и камата од денот на поднесувањето на барањето.

Но не сите нотари ги известуваат граѓаните-должници дека имаат долг и дека можат да го платат во одреден законски рок за да ги избегнат дополнителните давачки од постапката, крахира и доставата, односно известувањето може да заврши и на друга адреса, со повеќе денови задоцнување. Вина има и кај граѓаните кои некогаш не ја примаат доставата по поштар сметајќи дека ако ја одбијат, значи дека не е доставена.

Извршителите не ја користат можноста да ги известат граѓаните-должници, туку најчесто се фаќаат за најлесното решение – блокада на сметка, а можат да наплатат и со спогодба, со согласност да се одбива третина од платата на должникот.

И самите нотари признаваат дека има многу проблеми во целата оваа алка, од неточни податоци од компаниите што бараат наплата на долг, од самите нив во однос на доставата за известувањето, како и од извршителите на кои најлесно им е да блокираат сметка наместо да се обидат со други методи на наплата.

Имаме примери и со сметки на починати лица. Починат 20 години, а компаниите го тужат. Има такви што кога ќе сфатат, се откажуваат од решението, а има и такви компании што потоа поверуваат дали има оставинска постапка и го бараат наследникот и од него бараат да се наплатат долговите.

Голгота е одблокирањето на сметката 

Оди во банка, му кажуваат дека е блокиран, ама од друга банка. Оди во таа банка и таму му кажуваат дека е блокиран преку извршител, но не од кој. За да дознае, оди во централата на банката, а оттаму кај извршителот. Но, ако на извршителот тој ден не му е приемен за странки, доаѓа следниот ден. Тогаш му кажуваат дека треба да достави доказ дека е вработен и пак се враќа назад. Не се сите граѓани информирани, ниту пак можат да плаќаат адвокати. Така, по шест пати ги маткаме граѓаните, а според нашиот Закон нема полесен начин. Банките не сакаат да блокираат делови од плата, туку ја блокираат целата, па затоа граѓаните треба да одат на шест места за да ја одблокираат сметката. Тоа не е во ред и не е човечки. Тој е должник, но и понатаму е човек. Навистина ми е жал за тие луѓе, но нема што да правиме. Затоа решивме по блокадата на сметка да ги чуваме парите 15 дена.

Еве колку ќе ве чини извршувањето и што може да ви земат 

Според Законот за извршување, извршителот има право да блокира банкарска сметка и од неа да одземе дел за да наплати долг за струја, вода, парно, кредит и слично. Исто така, има право и да влезе во домот на должникот, да направи попис на предметите што ги поседува, да заплени дел од нив и потоа да ги продаде на јавно наддавање. Но, македонските граѓани не треба многу да се плашат од вакво соочување со извршители, зашто тие ретко применуваат заплени, освен ако не се работи за хипотека на недвижен имот.

Кога влегуваат кај должниците извршителите имаат и полициска придружба, проценител, носачи, а сето тоа се плаќа. На пример, еден час асистенција на полицаец чини шест евра плус ДДВ, а се плаќа и процент за полициската опрема и плус по едно евро на километар за комбето. Се плаќа и проценителот, а сето тоа паѓа на товар на должникот.

- Еден попис обично чини по 400 до 500 евра. Ако долгот е на пример 1.000 евра и ако се знае дека во домовите главно нема вредни предмети, нема логика да се прават трошоци. Затоа, во една година немам повеќе од 20 пописи во домови на граѓани.

Законот за извршување пропишува дека не смее да се земаат облека, обувки, долна облека и други лични предмети, постелнина, садови, мебел, шпорет, ладилник и друго со вообичаена вредност, потребно за задоволување на основните потреби за домаќинството. Не смее да се запленува ниту храна и огрев во залихи за три месеци, ортопедски помагала и слично. Иако е дозволено, извршителите не одземаат ни компјутери, зашто во нив има лични податоци, а не ги погледнуваат ни старите телевизори, бидејќи не можат да ги продадат за повеќе од 1.000 денари. Најлесно се продаваат телевизорите, климите и другата техничка стока, а најтешко троседите.

 

air max 90 essential sale