„А замисли да плетеше до 7 сабајле, што пара ќе беше тоа. Дури и Елон Маск завидува“ - Бурни реакции за родителите на судијата Ристов

350.000 евра скриени зад фрижидер, чувани со децении како „гаранција за старите денови“ – сведочењето на мајката на судијата Ристов за потеклото на парите пронајдени при претрес предизвика бурни реакции во јавноста.

Таа тврди дека парите се печалени со долгогодишна работа во земјоделството, од продажба на бостан, дињи, пиперки, ореви и кајсии, но плетење до доцна во ноќта. 

И таткото на судијата, тврди дека пронајдената голема сума на пари претставуваат негова и заштеда на неговата сопруга, создадена во текот на повеќедецениска земјоделска работа.

Јавноста, досетлива и иронична, тера „сеир“ на овие искази пред судот. Еве дел од реакциите на социјалните мрежи:

- „Продававме зеленчук во Горни Милановац и заработивме” - родителите на Ристов. Горни Милановац ко Силиконска долина милионери произведува…

- Ново прашање на прв дејт- Дали плетеш? 

- А замисли да плетеше до 7 сабајле, што пара ќе беше тоа. Дури и Елон Маск го поминува со идеиве, типот треба да уште учи од овие. 

- Дечки нема да ви се верува, земала мајка ми сите пари од кусур од продавници, плус парите од Бадник и Коледе, ги ставала во дупче во ѕидот бе паааа. И баш пред некој ден чистела, па земала преброила тоа ситните и замислете... 15 милиони евра скоро! Ццц значи стариве не се нормалниии дефинитивно. Еве сега баш се мислиме дали да купиме точак, машина за перење, шпорет или куќа во Франција.

- Уште да се плете така лесно, „плетката“ им е од криминалите. Ни срам ни перде, па со срцепарателните изјави. Никаква почит спрема обичниот човек што се мачи да сврзе крај со крај.  

- Се јавив кај мајка ми и татко ми да ги искарам оти туѓите родители поарни од нив се, што не земале и они да плетат и паричките у ѕид да ги уфрлуваат место да идат да работа. Кај ми се паднаа они родители, кај ме запустеа... И во една Америка е „испод част“ да лажеш на суд, а па да не праиме муабет во христијански морално возвишенава Маќедонија...