Новогодишните празници се период на патување, сонување и замислување желби. Додека празничните светилки ја разубавуваат новогодишната атмосфера во домот, време е да размислиме и да направиме планови за годината која доаѓа. Дел од тие планови се и патувањата и авантурите.
Секое патување е исполнување на една желба, а најголемиот дел од сеќавања и спомените се направени по полетувањето на авионот, тргнувањето на автобусот или бродот. Велат, колку повеќе печати во пасошот, толку повеќе спомени вредни за паметење.
Банско е неизоставен дел од секоја зима, така и оваа. Но, ние денес креиравме и листа на предлог дестинации и локации со кои во 2024 година ќе создадете трајни спомени и следната година ќе направат вредна за паметење:
Крстарење за празникот на жената
Дами, вашиот празник е ден за патување, истражување и авантура. Заљубете се во неверојатната убавина на Кефалонија, прошетајте низ романтичниот Дубровник - градот на Game of Thrones, и уживајте во магичниот Котор. Со отплувањето во Бари, Италија ве очекува град со огромна култура и историја. Крф ќе ве заведе со својата единствена и волшебна атмосфера.
Запловете во ова магично патување на Celestyal кое трае 8 дена, со новиот крузер наречен Celestyal Journey. Тргнувањето е на 2-ри март, а повеќе детали за програмата погледнете тука.
Грчките острови во април
Почетокот на пролетта и убавото и топло сончево време се идеални за прошетка на грчките острови каде имате можност да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села. Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey.
Патување кое ќе ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места. Ќе имате можност да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.
Патувањето трае 8 дена, односно 7 ноќи, тргнувањата се секоја недела во април. Сите детали и програмата може да ги погледнете тука.
Лето во Анталија
“Бисер на Медитеранот” и оваа година го нетрпение ги очекува гостите и туристите. Место каде одлично се вклопуваат прекрасните плажи и срдечната гостопримливост. За Анталија важи едно правило – ако еднаш летуваш таму, сигурно тоа ќе го направиш и повеќе пати.
Тоа е место каде што морето, сонцето, историјата и природата совршено се надополнуваат. Антички градови, море, сонце, плажа, шума – сето ова е дел од таа беспрекорна хармонија во Анталија, со над 300 сончеви денови годишно.
Истражете ги старите цивилизации во Анталија и Сиде, уживајте во зелените шуми на Кемер, вкусете ги уникатните јадења во Аланија, или опуштете се на плажите со алтен песок во Белек и Лара.
На крајот не заборавајте. Соновите, копнежите и желбите стануваат реалност со Фибула. На располагање се и други дестинации како Хургада и Бодрум.
За повеќе информации посетете ја нивната веб страна.