Заминува големиот вардаров борец: Хорхе Македа потпиша за ПИК Сегед

По Жоан Кањељас и вториот шпански интернационалец од Вардар си заминува на крајот на сезоната. Хорхе Македа е нов играч на ПИК Сегед. Тој во следните две сезони ќе ги брани боите на унгарскиот вицепрвак, откако помина три години во Скопје.

– Постигнавме договор за следните две години со Хорхе Македа. Го познаваме добро, на повеќе натпревари последните две сезони ни беше противник, па не му треба посебно претставување, напишаа од ПИК Сегед на официјалната веб-страница.