Заменикот-министер за култура Лазовски учесник во сообраќајката пред Собрание

Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски" во Скопје.

Неофицијално во сообраќајката учествувал и заменикот-министер за култура, актерот Владимир Лазовски. Моторциклистот чиј идентитет за сега не е познат е полесно повреден, дознава порталот МКД.мк.

Неофицијално, по прегледите во болница тој се вратил на местото, каде што полицијата врши увид.