Заменете го кафето со овие утрински пијалоци за поголема енергија

Се чувствувате уморно? Колку и да спиете, не се чувствувате како да сте одморени и подготвени за животните предизвици? Можеби следните предлози за утрински пијалоци ќе ви ја поттикнат енергијата, а вашето тело ќе ви биде благодарно.

Засилете ја вашата енергија со сок од зеленчук

Ако вашиот утрински кофеин едноставно не предизвикува брзо да се разбудите и раздвижите, размислете да ја смените шолјата кафе со чаша зелен сок. Што би значело тоа? Хранливите материи кои се наоѓаат во зеленчукот - конкретно лиснатиот зелен зеленчук како кељ и спанаќ - докажано го поттикнуваат нивото на енергија. Зеленчукот кој е особено богат со железо помага во испораката на кислород до вашите клетки и во борбата против уморот директно. Па, наместо кафе, обидете се со една чаша смути од зелен зеленчук.

Сок од гоџи бобинки

Уште една тајна за супер енергија од супер храна. Со големиот број витамини, минерали, антиоксиданси и осум есенцијални аминокиселини кои ги содржи, гоџи бобинките се една од најхранливите намирници на планетата.

Започнете го денот со чаша сок од гоџи бери за доза витамини за енергија и благостостојба.

Студиите покажале дека пиењето сок од гоџи бобинки резултира со:

-зголемено ниво на енергија

-подобрени атлетски перформанси

-подобар ментален фокус

-намален стрес и замор.