Залутан куршум погоди работник во фабрика во Илинден

Скопјанец бил погоден од залутан куршум завчера во скопската населба Илинден.

-На 19.04.2023 во 16.10 часот во СВР Скопје, И.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 18.04.2023 околу 20.50 часот на работно место во фабрика во населбата Илинден се здобил со повреда од залутано зрно, информира МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, а зрното било пронајдено и подигнато за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.