Залутан куршум оштети автомобил во Аеродром

На подрачје на Аеродром синоќа паднал залутан куршум кој оштетил автомобил.

- Вчера во 20:45 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром ветробранското стакло од патничко возило „даеву нексија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(78) од Скопје, било оштетено од залутано зрно, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.