Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа повеќе отколку твоето тело...

Заљуби се во некој кој безусловно ќе те сака. Некој кој ќе ги прифати твоите мани, недостатоци, несовршености и кој во тебе ќе создаде чувство дека си вредна и дека е среќен што те има. Заљуби се во оној кој ќе се бори за тебе, покрај сите тешкотии и бури кои доаѓаат во животот. Во оној кој ќе ги разбира твоите лудости и твоите понекогаш непромислени однесувања. Во оној кој ќе те смири кога ќе се чувствуваш вознемирено. Во оној кој ќе разговара со тебе и ќе биде полн со љубов дури и после долга кавга. 

Заљуби се во некој кој ќе го цени твојот труд, кој ќе те сака и ќе ти даде поддршка во остварување на твоите цели. Оној кој на крајот на денот ќе биде покрај тебе. Тој што со часови би возел само за да ја види твојата насмевка. Заљуби се во оној кој секогаш ќе биде покрај тебе без оглед на тоа што се случува. Заљуби се во некој кој со својот бакнеж ќе направи да се чувствуваш како најпосебна жена на светот. Оној кој ќе направи да почувствуваш експлозија од сензуалност. Оној кој ќе ти ја отпее најубавата песна за полесно да заспиеш, а наутро кога ќе отвориш очи да ја прочиташ преубавата порака за да имаш преубав ден. 

Заљуби се во некој кој ќе ти биде и најдобар пријател и љубовник во исто време. Човек со кого доцна навечер заедно ќе јадете чоколадо само за да се чувствуваш подобро. Човек со кого долго ќе разговараш за сѐ и сешто. Заљуби се во оној кој ќе те смее, со кого ќе можеш да се забавуваш со часови. Човек кој гордо и неуморно ќе те држи за рака, покажувајќи им на сите дека е вистински среќник што те има. 

Заљуби се во некој кој ќе ти простува. Некој кој ќе те стави пред своите хобија, работи, сѐ. Човек кој секој ваш момент ќе го направи момент за памтење. Кој ќе ги исполнува своите ветувања. Заљуби се во оној кој ќе те почитува и тебе и твоите животни одлуки. Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа повеќе отколку твоето тело. Во оној кој ќе ги брише твоите грижи, солзи и сомнежи. Во оној кој секогаш ќе те разбира тебе и твоите промени. Заљуби се во некој кој ќе те направи среќна, кој ќе те задоволи и кој секогаш позитивно ќе те изненадува.