Овој викенд треба да стапи на сила законот против нефер трговски практики, кој ќе опфати околу 2.500 производи со ограничување на профитната маржа на не повеќе од 10%. Се очекува дека неговото спроведување ќе донесе трајни промени во регулирањето на цените.
Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе врши контрола на примената од страна на трговците. Со новиот закон, освен ограничениот рабат, трговците нема да можат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација или за истакнување на производите на полиците.
Во практика, ова значи дека супермаркетите ќе мора да ги намалат цените на сите продукти од листата. Од вторник, стапува во сила одлуката на Владата за ограничување на маржите на околу 70 производи од есенската потрошувачка кошница, чие спроведување го надгледува Државниот пазарен инспекторат.
Известуваат дека на теренот се испратени бројни тимови кои ги контролираат трговците, при што кај некои се констатирани нерегуларности и им се изречени парични казни од приближно 20 илјади евра. Бруто профитната маржа на 73 производи од есенската потрошувачка кошничка ќе биде ограничена на 10% до крајот на октомври.