Законот за легализација на дивоградби ќе важи само до крајот на оваа година

Законот за легализација на дивоградби, донесен во 2011 година, ќе важи само до крајот на оваа година, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешното врачување решенија во Штип, пренесе СДК

„Наредната година, Министерството не планира никакви нови рокови на Законот за легализација, затоа што во иднина е можна негова злоупотреба“, кажа тој.

Според него, за граѓаните кои првпат поднесуваат барање, рокот е до крајот на годината.

Во Македонија досега се издадени околу 200.000 решенија за легализација на бесправно изградени објекти. 

За да не се шири паника меѓу граѓаните дека, наводно, се граделе кампови за мигранти, Сугарески категорично изјави дека тој не знае дека во Македонија некаде се градат такви кампови или дека ќе се градат.