Во голем дел од меѓучовечките односи, ваквиот баланс е нарушен.
Photo by Lina Trochez on Unsplash
Токму затоа, луѓето се лути, разочарани, осамени. Но, во оние пријателства или љубовни врски каде балансот постои, таму постои и радоста.
Во секој однос мора да постои баланс на земање и давање. Тоа е законот на балансот. Хармоничниот однос во тој случај носи среќа за двете страни. Во таквиот однос постои и љубов, почит и разбирање.
Но, што значи законот на балансот?
Тој значи 50-50. Но, не секогаш. Во одредени случаи, едната личност дава 80%, другата 20%. Во други случаи е обратно. Тие не мерат колку даваат, но тука се еден за друг. Знаат дека балансот постои кога среќата на другата личност ни е важна како и нашата.
Често, жената е таа која дава повеќе. По својата природа, жените сакаат да даваат, тие го имаат мајчинскиот, заштитнички инстинкт. Така, забораваат да го земат она што им е потребно. Но, на крајот се истоштуваат. Преморени се.
Исто така, постојат луѓе кои од своето детство се постојано научени да земаат. Тие очекуваат дека некој постојано ќе им дава нешто. Истовремено, не сакаат да дадат ништо, тие не сметаат дека должат некому нешто.
Многу често, еден од нас е 100% давател или пак 100% примач. Исто така, во одредени ситуации премногу земаме, а во други премногу даваме. Се случува и тоа. Но, важно е да сфатиме дека мора да постои баланс во односите.
Ако цело време даваме, а ништо не земаме, личноста покрај нас е во огромен долг. Тоа е како кредит кој никогаш не може да се врати. Каматата се собира. Не може да се живее со таков товар.
Затоа, балансот треба да е секаде. Во сите наши односи, треба да постои свесен напор да дадеме и свесност за тоа колку земаме. Секој наш однос треба да почива на законот на балансот. Најдете ја својата точка во која ќе ви биде пријатно, бидејќи само тоа е вистинската формула за да не се исцрпите и разочарате.