Закажани три меча во исто време во Скопје!?

Работнички - Силекс, Македонија ЃП - Шкендија и Шкупи - Победа. Сите овие три меча од 20. коло, или второ пролетно, ќе се играат во ист ден, во ист термин. Значи во недела од 14 до 16 часот во Скопје ќе има прволигашки мечеви на Националната Арена „Филип Втори", потоа во Ѓорче и на Чаир, пренесува Спортмедиа.

Имено на нашите стадиони и онака нема публика, уште повеќе лошо е кога таа мала бројка ќе се раздели на три натпревари. Време е некој нешто да преземе, јасно е дека Скопје дава четири прволигаши или 40% од екипите од Првата лига, и затоа е „гужва" како во ова коло кога дел од тие се домаќини.

Време е некој да предложи дел од овие мечеви да се играат во петок или сабота. Да може таа мала бројка на гледачи да ги следи сите три натпревари.