Закани кон доктор во „8-ми септември“, еве ги деталите од полицијата

Лекарка била нападната попладнево во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, од група насилнци, роднини на починат пациент. Информацијата за Скопје Инфо ја потврдија од Секторот за внатрешни работи во Скопје. Од таму велат дека во 19:00 часот лекари од Ковид центар во ГОБ 8 Септември пријавија дека од страна на неколку лица добивале сериозни закани по живот , а причина било тоа што лицето Б. Ф од скопско починала во болницата, а истата била позитивна на Ковид 19. 

По излегување на лице место затекнати се лицата Б.Ш и Б.С, синови на починатата, а  кои сакале насилно да го земат телото на починатата.

Лицата се приведени во ПС Гази Баба, известени се Единицата за насилен криминал, полицијата работи на целосно расчистување на случајот.