
Позната инфлуенсерка Миа Костова во „фејсбук конфликт“ со својата соседка која исто така е позната инфлуенсерка и ексновинарка, а станува збор на Јорданка Ивановска-Јоци.
Си разменија навреди, но и закани, а нивните следбеници будно го следат случајот.
Миа прва ја прозва Јоци! Еве што порача преку фејсбук статус:
- Во меѓувреме, зошто никој не реагира на шизофрени будали кои живеат во сред центар? Мојата среќа е да живеам до Јоци- Јорданка која е со Ф дијагноза години наназад , куќа до куќа? Кој ја трпи и ја поддржува и ја чита? Хоспитализирана 10 пати, пред две години кога не живеев тука халуцинираше дека сум од служба што ја прати и дека сум пратена од некој. Денес ѝ смета дека седам во двор во 19:20.
Ќе седам во двор во нормално време до кога сакам, апелирам до надлежни, да се собере секое едно психички пореметено суштество кое малтретира народ без основ. Да се спасиме од будали и да ги собере институција да не малтретираат околина!
По ова следеше одговор од Јоци, исто така на социјалните мрежи:
- Насилникот Миа Костова, која живее под кирија (куќа до мојата) и имаат навика по цели денови да се пијанчат со девојка и` во двор, со дерење и гласни музики, и тоа од пладне до 22-23 вечерта, утре ќе биде пријавена за закани кон мене во МВР. Тоа е мојот одговор до неа. А, закани се кривично дело. Секако, она е скроз неписмена и шуплива, и затоа не знае што е што. Јавноста не ја знае вистинската Миа Костова, која во реалниот живот е агресивна, конфликтна, психички лабилна и опасна за околина. И тоа го видоа сите соседи наоколу мене, не само јас. Нејзините небулози за дијагнози и останати глупости кон мене, како штит пошто ќе биде пријавена, може да си ги пикне во задник, пошто цел град ме знае која сум и што сум. Не сум јас ,,Миа од Ѓорче" која се претставува ,,Миа од Центар" со лажен живот на Инстаграм. Ова го пишувам за јавноста. Костова очигледно често не е при себе од алкохол, супстанци и си конструира филмови за луѓе кои бараат мир во сопствен дом, а не терор кој они двете го донесоа во маало каде со децении живеат културни и воспитани луѓе. Впрочем нивното често селење говори за нивните проблеми кои ги носат секаде со нив.
Патем, јас со Миа Костова немам никаков контакт, не се познаваме лично, токму ради она најважното - таа не е сопственик на куќата каде таа лумпува, тероризира и малтретира луѓе, а тоа се - работен народ, деца, постари и што не. Мојата расправија околу теророт на овие две неурамнотежени насилнички е со сопственикот, со кој сме соседи 40 години. Не со неа, а на неа очито и` се измешале жиците. Има материјални докази за заканите нејзини и од утре полиција ќе се бави со неа. Нека се објаснува таму во кој момент имала таа вербален или физички контакт за да ми упати закани, порача Јоци.