Закана за бомба во „Ист Гејт Мол“

Утрово повторно пристигнале неколку дојави за бомби на различни локации во Скопје, а меѓу нив е и познатиот шопинг центар „Ист Гејт Мол“, објави „Тв21“.

Полицијата го евакуира целиот трговски центар и вработените додека траат проверките од страна на службените лица.

Претходно пристигнаа закани за бомби и во неколку скопски училишта, а антитерористички екипи се на терен.