Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова гостуваше во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 каде даде предлог како да се реши спорот со Бугарија. Нејзинот предлог е да се донесат уставните измени но во третата фаза на уставен закон да се стави преодна одреба.
„Според мене одредени членови оставаат простор за пошироко толкување. Сметам дека ние мораме да го завршиме нашиот дел да ги спроведеме уставните измени, па кога ќе дојдеме до третата фаза уставен закон, каде што ќе ставиме преодна одредба, дека истите ќе стапат во силе кога сите земји членки, вклучително и Бугарија ќе го ратификуваат договор за членство на Македонија во ЕУ. Ги повикувам слободно правниците да го дебатираме ова прашање“, рече Зајкова.