„Зајакнување на општинските совети”: Граѓаните на Кисела Вода креираа 4 проектни концепти

Вчера во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” кој го спроведува УНДП во партнерство со Општина Кисела Вода.

На првата форумска сесија мнозинството граѓани, одлучи дека проектот кој ќе се реализира и ќе биде финансиран преку Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, ќе биде од сферата на животната средина.

- На последниот форум повторно имаше масовен одзив од страна на жителите кои одговорија на повикот на општина Кисела Вода за креирање на приоритетните проекти на тема животна средина. Преку свои идеи и повторно, преку конструктивна дискусија, беа креирани и претставени четири проектни концепти кои потоа, ќе прераснат во проекти. Работните групи ќе продолжат со активен ангажман, а следната форумска сесија е закажана за втората половина од овој месец. Дополнително, граѓаните изработија и препораки на други теми кои ќе бидат доставени до градоначалникот Ѓорѓиевски, информираа од локалната самоуправа на Кисела Вода. 

- Транспарентното работење со вклученост на граѓаните, како носечки мотив на проектот “Зајакнување на општинските совети”, воедно е стратегиска насока на Општина Кисела Вода која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе две години интензивно ја спроведува во сите реализирани проекти, додаваат од општината.