Загрозениот сведок во „Монструм“: Бев присутен вечерта кога се случи убиството, ги видов и телата

“Ги видов телата, беа четири”. Ова е дел од сведочењето на загрозениот сведок Е1 на денешното рочиште за случајот “Монструм”, кој истакна дека вечерта кога се случи петкратното убиство бил кај Смиљковското Езеро.

Сепак сведокот не одговори во колку часот бил на местото на местото на настанот. Тој на прашање на адвокатите истакна дека не го видел телото на рибарот.