Загрижувачки бројки од првиот уписен рок: Само пет матуранти се одлучиле да го изучуваат македонскиот јазик

Веќе почнаа уписите на универзитетите низ Македонија, а првите резултати од уписниот рок делуваат загрижувачки.

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на насоката Македонски јазик (со проверка на знаења и умеења), се запишале само пет матурантки во првиот уписен рок, пишува Фокус. 

Додека пак на насоката Македонска книжевност и јужнословенски книжевност, се запишале 12 матуранти.

cheap nike air max 90