Загина пешак кај општина Ѓорче Петров

 Едно лице загина кај општина Ѓорче Петров во сообраќајка која се случи синоќа, откако во него удрил автомобил, соопштија од МВР за МИА.

– Пријавено е дека кај Општина Ѓорче Петров, патничко моторно возило „Ауди“ удрило пешак. Пешакот починал, велат од МВР.

Екипи на МВР вчера беа на местото на настанот, а повеќе информации се најавуваат за денешниот ден.