Во 13,50 часот на автопатот помеѓу Велес и Скопје се случила сообраќајна несреќа во која едно лице го изгубило животот, дознава Скопје Инфо.
Според информации од очевидците, несреќата се случила после тунелот на патот од Велес во Скопје и во возилото се наоѓало едно лице кое најверојатно го загубило животот.
Во моментов трае увидот во несреќата, а од МВР најавуваат повеќе информации за текот на денот.