Загина 26-годишник додека возел електричен тротинет, се судрил со патничко возило

Тешка сообраќајка во која млад битолчанец го загуби животот се случила вчера во 13.49 часот на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола. Во несреќата, информира МВР, учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј(21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П(26) од Битола.

По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде им подлегнал на повредите, велат од полицијата.

Увид е извршен од увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.