Загадениот воздух во Скопје – тема на изложба на илустрации

Дела од работилницата што се реализираше во склоп на изложбата Celebrate Life/ Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 16. февруари во Кафе Винил во Дебар Маало со почеток во 20 часот.

Загадениот воздух е темата која што ќе ја обработува изложбата, проблем кој што беше мапиран по пат на истражување како дел од изложбата на Индог.

Илустрациите се дела на млади графички дизајнери и артисти од различни градови и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот.

Куратор на изложбата е Индог и ќе може да се погледнат дела на: Medina Hodja,NaVe,Гога Стојковска, Дарко Лековски,Дијана Недева, Димитар Чаки Чакар, Јован Јосифовски, Кристијан Стевковски, Мартин Митровски, Матејин Бојан.

Изложбата ќе биде поставена до 28 февруари.

„Проектот Емоции за еден град е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија”.