Загадениот воздух ги наполни болниците со пациенти со респираторни проблеми

Алармантната загаденост на воздухот во Скопје за време на продолжениот празничен виденд го зголеми бројот на пациенти со респираторни проблеми.

Загаденоста во комбинација со вирусите ја наполни детската болница во Козле. Секој ден во дежурните амбулантипрегледувале по стотина болни деца. Слична била состојбата и на Клниката за Детски болести.

-Честотата на пациентите е зголемена . Ова е поради периодот на вируси, го очекуваме и грипот и секако поради последиците и симптомите од загадувањето. Најчестите патологии се пневмониите, бронхитите и секако ларинготот како честа веќе појава поради надразнителното дејство и од страна на ПМ 10 честичките за време на најголемиот период на загадување, велат од Детската болница Козле.

Поради потешкотии со дишењето за време на празниците поради загаденоста на воздухот секоја вечер по десетина граѓани барале лекарска помош и на Клиниката за Токсикологија која се уште функционира како Интернистички Ургентен центар. Дел од пациентите по прегледот биле пуштени дома, а потешките случаи ги препраќале на Пулмологија.