Зафир Хаџиманов погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград

Зафир Хаџиманов почина поради компликации со коронавирусот на 27 март, погребот беше одржан денес на Новите гробишта во Белград, а неговата урна беше положена во Алејата на заслужните граѓани.

Тој беше испратен на вечно почивање во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите, бидејќи условите поради пандемијата на коронавирус не дозволуваат поинаку, и како што најави неговиот син Васил, по пандемијата тој ќе биде испратен како што треба.

Зафир Хаџиманов беше филмски актер, пејач, композитор и sвезда на југословенската шансона. Во 1967 година, на фестивалот во Варадеро, Куба, беше прогласен за најпопуларен пејач. Одеше на турнеи во СССР, снимаше телевизиски емисии. На фестивалот во Опатија во 1969 година, тој ја изведе шансоната „Био је мај“, неговиот најпознат евергрин.