Заев преку „Фејсбук“ најави инвестиции од 5 милијарди евра во Македонија

Премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил, најави голем инвестициски циклус во висина од пет милијарди евра во следните неколку години.

Следува инвестициски циклус од околу 5 милијарди евра: – 1 милијарда во патишта,
– 1 милијарда во железница,
– 1 милијарда во енергетика,
– нов Клинички центар,
– инвестиции во земјоделството и руралниот развој,
– нови пречистителни станици,
– регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад,
– канализациски и водоводни системи,
– училишта и градинки… Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат!, напиша Заев на Фејсбук.