Заев: Не сум го прашал дали ќе се кандидира, но Шилегов е мој фаворит и за втор мандат

Градоначалникот Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев излегоа на заедничка прес-конференција за реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. 

На едно од новинарските прашања, премиерот одговори дека иако граѓаните ќе одлучат за кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори, негов фаворит останува актуелниот татко на градот, Петре Шилегов. 

„За Шилегов имам само пофални зборови. Тој е мој фаворит, го немам ни прашано дали ќе се кандидира, но за мене е фаворит. За успесите за сите проекти да се изнајдат средства со сите ограничувања и во време на пандемија, и да се испорачаат сите овие успеси е вредно за големо внимание и поддршка. Нашите постапки за избор на кандидати се во летото, јуни, јули, август, крај на септември е кампања. Секако, ќе дадам поддршка на секој успешен градоначалник, вкчлучително и на Шилегов, но постапките во СДСМ се отворени и демократски“, рече Заев на прес-конференцијата.