Заев најавува легализација на марихуаната во угостителството и туризмот

Премиерот Зоран Заев во интервју рече дека планот за декриминализација и легализација на марихуаната е дел од поширок економски пакет со кој сака да ја стимулира домашната економија, објавува економист.мк.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“,

Тој додаде дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места“,

Во тој економски пакет влегува и проектот за легализација на возила со странски таблички, легализација на готови пари и имоти, продажба на земјоделско земјиште и новиот закон за данок на имот.