Заев: Младите да отворат свој бизнис, да не чекаат работа во администрација за 15.000

Зоран Заев денеска истакна дека младите треба да ја искористат владината поддршка и да се фокусираат на сопствени бизниси, наместо да чекаат вработувања во администрација.

- Во прашање се 17. милиони евра наменети за сериозен фокус, истакна тој на прес-конференција и додаде дека младите треба да се насочат кон свој бизнис, а не да чекаат работа во администрација каде плата со средно е 15.000.

Мерките според него се насочени и кон жените и лицата со посебни потреби.