ЗАЕДНО ЗА ДАМЈАН: Ѓорче Петров со големо срце на хуманитарен концерт!

 

Хуманитарен настан „ДА ГО ВРАТИМЕ ЗВУКОТ НА ДАМЈАН“ се одржа денеска во паркот во Ѓорче Петров.

Со спортски активности, детска лабораторија и креативна работилница полна со деца, Општината и Д.Мед организираа настан за помош на малиот Дамјан. Настанот беше исполнет со многу дечиња и позитивна енергија, која се чувствуваше преку нивните насмевки, истакна градоначалникот Александар Стојкоски. 

„Целта ни е секоја година ова да стане традиција, за да можеме секоја година да помогнеме на кој било сограѓанин од општината,“ изјави медицинскиот директор на Д.Мед Медикал Спец Д-р Елена Бабаљ Бансколиева.