"Заедно во добро и зло додека смртта не не раздели" - се заборава само неколку години по стапнувањето на лудиот камен

Светските статистики се доказ дека девизата "Заедно во добро и зло додека смртта не не раздели" во која се колнат сите тазе сопружници се заборава по само неколку години по стапнувањето на лудиот камен.

Бројот на разводи од година во година се зголемува, а браковите колку што ретко се склучуваат толку брзо и се распаѓаат.

Ни Македонија не е далеку од светот кога се во прашање разводите.

Брачната среќа за голем број младоженци трае колку и медениот месец, па според официјална Статистика повеќе од 197 не дочекале да ја прослават ни првата годишнина.

Психолозите сметаат дека ваквата состојба е резултат на модерниот начин на живот и на отсуството на патријархално воспитување.

-Во кризни времиња има повеќе несогласувања, бидејќи луѓето имаат многу проблеми, па наместо да се свртат еден спроти друг, тие бараат маани и се оддалечуваат еден од друг. Порано и фамилиите помагале, луѓето повеќе си помагале меѓусебе, па дури и родителите им ги бирале партнерите на своите деца. Сега, голем број двојки одлучуваат да стапат во брак неподготвени, за да видат како ќе им оди и не сфаќаат ништо трагично ако не им оди, вели психолог.

И социолошките истражувања велат дека поради распаѓањето на стариот систем на вредности, промените на глобално ниво, отвореноста кон светот бракот не се доживува како нешто судбинско, дадено еднаш за секогаш.

Бројот на разводите е обратно пропорционален со новите бракови и на светско ниво. Семејствата во традиционален смисол полека исчезнува, а расте бројот на самохраните родители.

Истражувањето спроведено на пет милиони британски разведени двојки покажало интересен тренд - неверството е се помала причина за развод, а приматот го презело неразумното однесување" на еден од партнерите.

Истражувачите ги компарирале актуелните резултати со истражувањата од од 70-ите години на минатиот век, па констатирале дека ако во 70-ите 29 отсто од разводите се случиле поради неверство, а денеска неверството е причина за развод во само 15 отсто од случаите. Најчесто, модерните британски двојки се разведуваат поради неразумното однесување" на партнерот, и тоа во дури 47 отсто од случаите. Некои жени под неразумно однесување" појасниле дека се работи за асоцијален маж кој се обидува да и наметне вина на жената кога таа сака да излезе со пријателките".

Ова не е прво такво истражување. Во август годинава, едно истражување откри дека двојките почесто се разделуваат по летниот одмор на децата, како и оние кои повеќе се расправаат за финансиите.