Заедно со 1.100 кино сали: Кинотека на Македонија – член на “Europa Cinemas”

Кинотеката на Македонија стана член на мрежата “Europa Cinemas”.

Европската мрежа на киноприкажувачи „Europa Cinemas“ е правата мрежа на кина кои се фокусираат на европски филмови. Создадена во 1992 од страна на група од триесет киноприкажувачи, за 25 години прерасна во мрежа која обединува повеќе од 1100 кино сали (речиси 3000 филмски платна) во 43 држави.

Главните цели и се да обезбеди оперативна и финансиска поддршка на кината кои се обврзуваат значаен дел од нивните прикажувања да заземаат европски филмови кои не се од национално потекло, како и да реализира активности за младата публика.

“Со членството, одговорноста е поголема, не само кон здружението на кое станавме член, туку и кон нашата верна публиката која секогаш знае да препознае квалитетни филмови, а тие во голема мера доаѓаат од европската кинематографија кон која припаѓа и македонската“, ќе истакне Владимир Ангелов, в. д. директор на Кинотека на Македонија.