„Заедно можеме“ – одбележан Денот на лицата со Даунов синдром

Детскиот културен центар „Карпош“ и здружението „Трисомија21“ денеска го одбележаа денот на лицата со Даунов синдром.

Под мотото „Заедно можеме“, во просториите на ДКЦ се одржа пригодна програма, а децата пееја и играа забавувајќи ги присутните.

Со децата денеска се дружеше и градоначалникот Шилегов.