Заедно да помогнеме: Денес и утре бесплатен превоз за волонтери еве кога

Општина Гази баба ги повикува сите хумани граѓани утре и задутре да се приклучат на акцијата за помагање во расчистување на домовите на семејствата погодени од катастрофалното невреме. Пожелно е заинтересираните со себе да понесат и соодветна опрема, чизми, ракавици и слично. ЈСП Скопје обезбеди бесплатен автобуски превоз кој ќе тргнува во 9:00, 12:00 и 15:00 часот од следниве пунктови:

1. Ѓорче Петров – пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош – спроти City Mall; продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка

2. Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка

3. Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован и продолжува кон крајна точка

Крајна точка е Обилконица (Пункт накај Стајковци). Враќање последно од крајната точка е во 19:00