Заеднички живот пред брак – Македонците се повеќе се одлучуваат на тоа

Македонците се повеќе почнаа да го прифаќаат заедничкото живеење пред брак. Ако во минатото тоа не било нормално и било табу тема, сега станува секојдневие и речиси секој втор пар во Македонија се одлучува на такво нешто.

Заедничкиот живот пред брак, е правило на современиот модерен живот. Во западните и европски земји, тоа си енормално уште многу одамна, но сега почнува да е нормално и кај нас.

Во последните неколку години бројот на парови кои се одлучуваат на овој чекор е значително зголемен.

На овој начин паровите се тестираат да видат колку врската е цврста, стабилна.

Психолозите сепак сметаат дека ова не е нешто баш сјасно, бидејќи кај половина од нив доаѓа до прекинување на врската и после секој на своја страна. Разликата со брак е тоа што, за бракот многу луѓе цврсто стојат, а во оваа заедница не е така.

Кога се во брак многу полесно се одлучуваат за формирање на семејство, деца, додека во вонбрачната заедница не е така. Со година се чека, да се навикнат еден на друг, а годините поминуваат.