Заедничка контрола на полицијата и инспектори во угостителски објекти во Гостивар

Во текот на претходната ноќ (17/18.03 2023) од страна на полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ) спроведена е заедничка контрола во угостителски објекти во Гостивар. 

За време на контролата во еден од угостителските објекти од страна на ДПИ констатирани се  неправилности по Закон за заштита од пушење, од страна на УЈП е констатирано неиздавање фискални сметки, а од ДИТ затекнато е едно лице на работно место без содветни документи. Полициски службеници затекнале едно женско лице, странски државјанин, без регулиран престој и соодветни документи, кое е предадено на инспектори за странци за понатамошна постапка. 

Во друг угостителски објект изречени се глоби поради констатирани неправилности од страна на ДПИ, УЈП и ДИТ, меѓу кои неиздавање на фискални сметки, непоседување книга за дневен извештај, непочитување на Законот заштита од пушење во затворен дел од објектот и др. Неправилности од страна на УЈП во врска со неиздавање на фискални сметки, непоседување на фискална каса и книга со извештаи се констатирани во уште еден угостителски објект во Гостивар, за што ќе бидат изречени парични глоби. Во истиот објект се затекнати осум лица кои непријавени вршат угостителска дејност за што ќе следува казна.

За време на акциската контрола, на подрачјето на Гостивар беа затекнати пет возачи кои управуваа возило под дејство на алкохол, истите се исклучени од сообраќај и издадени им се соодветни платни налози. Притоа, констатирани се девет останати прекршоци, кои се законски санкционирани.