Задоволството нема цена: Моторџиството за едни рекреативен спорт, за други начин на живеење

Моторџиството, некои велат дека е како еден вид рекреативен спорт, а некои велат дека е начин на живеење. Во секој случај, страст, љубов, кој го разбираат само тие, а на другите им останува или да им се чудат или да им се восхитуваат. Луѓе со диманичен живот и авантуристички дух.

Низ скопските улици, секојдневно гледаме моторџии, од најмали од најстари. прекрасни луѓе со големи срца, со најразлични професии и образование,  полни со преубава енергија и чувство на слобода. Постојано органиизраат хуманитарни акции, помагаат таму каде што е потребно.

За разлика од удобното патување со автомобил, каде што возачот и совозачот се заштитени и конфорни, патувањето со мотор е вистинска авантура.Мораш да се носиш со сите временски прилики и неприлики. На крајот на краиштата мора да бидеш под постојано напрегање и максимална концентрација за да сочуваш жива глава.

Васил од Скопје од веќе 25-та година по ред не се дели од моторите. Тој сега има 40 години, а уште како дете, љубовта кон моторите била голема. Се сеќава и на своето прво качување на мотор, како и на својот прв мотор.

-Опремата е скапа и се почнува со помали мотори. Најосновна е желбата, но и финансиските средства кои никогаш не се доволни. Ако човек има страв од мотор, никогаш не треба да се качува на него ни како совозач. Моторот како превозно средство е доста скап, а во зависност од марката и „брендот“ достигнува прилично високи цени. Во секое градско возење мора да се користи соодветна опрема, со цел возачите да се заштитат самите себе и другите во околината – истакнува Васил.

Тој вели дека старста и љубовта кон моторите денеска ја пренесува и на своите деца, и гледа дека успева во тоа.

-Не се знае бројката колку пати паднав и колку пати станав. Сум бил цел скршен, половина година лежев на едно место имав скршена карлица, но од моторот, не ни помислив дека ќе се откажам, додава тој.